Делови од Скопје без струја и вода


Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Центар.

Oд 9 до 12 часот струја ќе немаат дел од корисниците од село Горно Нерези.

Oд 9 до 13 часот корисниците од улицата Крсто Баиќ и улицата Јордан Хаџи-Константинов Џинот ќе останат без електрична енергија.

Додека пак ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска без вода ќе останат делови од општината Карпош.

Поради реконструкција на водоводна мрежа ф 80 мм на улицата Кнез Трпимир бр.24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Трнодол од 09:00 часот до завршување.

 

Поради изведување на водоводен приклучок ф 6/4“ на ул.Козле 3б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Козле крак 6 од 10:00 часот до завршување.

 

01.03.2024 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега