Делови од Скопје останаа без вода: „Водовод“ не плаќал сметки па му ја исклучиле струјата

 

Делови од Скопје, особено повисоките места од градот немаат вода, бидејќи на градското претпријатие „Водовод и канализација“ му е исклучена струјата. Поради исклучената струја на неколку локации не работат пумпите кои треба водата да ја однесат до повисоките точки, објави „СДК.МК“.

Исто така без струја од утрово е и зградата на ЈП „Водовод и канализација“.

„Немаме вода веќе неколку часа. Немаше никаква најава дека ќе има некаков зафат, па се јавивме на дежурниот телефон во ‘Водовод‘. Ни рекоа дека нема никаков дефект туку дека им е исклучена струјата“, вели жителка на населбата Нерези.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

21.05.2024 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега