Демири: Истражните органи да ја спроведат истрагата за убиениот лекар

 


Министерот за здравство, Илир Демири информира дека нема информации околу случајот со убиството на лекарот во Железара.

Очекува истражните органи и Министерството за внатрешни работи да ја спроведат истрагата. -За жал, немам информација. Државата треба да ја спроведе истрагата.

Тоа зависи од истражните органи и од Министерството за внатрешни работи. Јас, длабоко жалам за изгубениот живот. Тоа треба да го осудуваме сите тој акт.

Министерството за здравство го осудува актот, рече Демири на прес-конференцијата по повод Светскиот ден за борба против туберкулозата.

Министерот нагласува дека за да се намалат овие насилни напади врз здравствените работници неопходно е да се зголемат безбедносните мерки.

-Не знам како друго би можело да се намали влијанието и таквите насилни испади врз здравствени работници, освен во секоја институција да се зголемат безбедносните мерки.

И да се подигне свесноста на населението дека здравствените работници се нивни пријатели, нивни слуги. Ова зависи многу од колективната свесност, рече Демири. 

25.03.2024 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега