Кос пресече: Не сме безбедни додека цел ЗБ не влезе во ЕУ

 

Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос, изјави дека го гледа проширувањето на ЕУ како многу поширок процес од едноставно зголемување на територијата или населението на унијата и дека безбедносниот аспект повторно е во преден план на проширувањето.

Кос предупреди дека надворешните сили се обидуваат воопшто да го спречат проширувањето.

„И овие надворешни сили користат разни тактики, вклучително и хибридна војна. За мене, проширувањето повторно е мировен проект, најважниот мировен проект на нашиот континент. Можеби во минатото, особено кога Словенија стана членка на Европската Унија, заборавивме на ова и гледавме главно низ економска призма, изјави Кос за РТВ Словенија.

Таа, исто така, предупреди на дезинформации и манипулации во рамките на ЕУ и истакна дека, со оглед на променетата геополитичка ситуација, проширувањето сега е и важен безбедносен фактор.

– Мислам дека нема да можеме да бидеме безбедни во Европа сè додека земјите од Западен Балкан не бидат во Европската Унија и сè додека Украина и Молдавија не бидат исто така во Европската Унија, нагласи Кос.

22.07.2025 - 23:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега