Демонстрант пред Влада: Секоја солза исплакана за мајка ми да им се претвори во години затвор

 

 

На денешниот протест за скандалот со продажбата на лекови на Онкологија еден од демонстрантите раскажа за искуството на Клиниката за Онкологија каде што починала неговата мајка. Тој пред присутните рече дека неговата мајка била „карпа жена“ и покрај ракот на гради, но по три дена терапија станала жив мртовец, а по уште три дена починала.

„Кога одевме на хемотерапија чекавме од девет и пол наутро некаде до шест. Оставени сте сами на себе. За дома кога ќе ни дадеа терапија јас сам и ја менував инфузијата. Македонија е станата како некој холокауст. Мора овие луѓе да си преземат одговорност. Ја би сакал овде денес пред нас да ги видам сите тие луѓе, не на суд. Да ги прашам за кои црни пари го оставаат човекот кој се бори за живот и секој ден му е значаен, без лек. Секоја солза исплакана моја за мајка ми, на секоја мајка, на секое чедо да им се претвори во години и години затвор. Да скапуваат во затворите да немаат сон, морници да ги лазат“, рече демонстрантот.

Демонстрантите со едноминутно молчење оддадоа почит на сите жртви на здравствениот систем, ја слушнаа химната, а по говорите тргнаа кон Обвинителството.

04.09.2023 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега