Денес стартува новата фудбалска сезона во Македонија

Денес стартува 33-тата сезона во македонскиот фудбал. 12 екипи влегуваат секој со свои амбиции и калкулации, а главната цел е титулата која последните две години ја освојува екипата на Струга Трим Љум.

Во првото коло ќе има еден натпревар кој ќе се игра под рефлектори во Струмица, помеѓу Брера и Вардар.

Шампионот Струга одбраната на титулата ја започнува со домашен меч против освојувачот на Купот на Македонија.

Единствениот дебитант оваа сезона, Беса од гостиварско Добри дол, на домашен терен ја пречекува тетовска Шкендија, додека во дуелот на поранешните шампиони, Работнички на Националната арена во Скопје ќе го пречека Силекс.

Гостивар гостува кај Пелистер, додека Шкупи на стадионот во Маџари ќе ја прече Воска.

11.08.2024 - 11:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега