Денеска е празник посветен на Светиот маченик Евпл - што треба да направите штом се разбудите

 

Денеска е празник посветен на Светиот маченик Евпл

Ѓакон во Катана Сицилиска. Царот Диоклецијан испрати во Сицилија некој војвода Пентагур за да ги уништи христијаните, зашто оние малку што ги имаше се криеја од гонителите и не се објавуваа себеси. Тогаш некој го обвини Свети Евпл дека оди со некоја книга кај некои потајни христијани и им ја чита таа книга. Книгата беше Светото Евангелие. Откако го изведоа на суд, по малку време незнабожците му ја обесија онаа книга на вратот и го одведоа во затвор. По седум дена затвор и гладување беше предаден на мачење. Кога го биеја со железни стапови, Евпл им се потсмеваше, велејќи му на судијата мачител: „Безумнику, нели гледаш дека овие маки заради Божјата помош се како пајажина за мене. Ако можеш пронајди други, потешки, зашто овие ми се како играчка.“ Најпосле Христовиот маченик го изведоа на губилиштето. Тогаш мнозина се обратија во Христовата вера, а Свети Евпл го убија со меч. Во Царството Небесно се пресели во 304 година. Неговите чудотворни мошти лежат во едно село близу Неапол, наречено Vico della Batonia.

Се верува дека неговите мошти се чудотворни и имаат исцелувачка моќ.

Според народните верувања, наутри штом ќе станат, жените треба да се помолат на овој светител, а дека гордоста е она од што мора да се откажат, за да избегнат несреќи кои би ги следеле цел живот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега