Денеска е Св. Григориј, просветител на Ерменија
Роден е во видна фамилија, по род блиска до персискиот и ерменскиот царски дом. Кога овие два дома завојуваа, свети Григориј се повлече во Кападокија.
Таму ја позна Христовата вера, се крсти и ожени. Во бракот му се родија два сина, Ортан и Аростан. По смртта на својата жена, свети Григориј се врати во Ерменија и му се стави на служба на цар Тиридат.
Но, кога овој дозна дека Григориј е христијанин, го стави на тешки маки, а потоа го фрли во длабока јама, сакајќи да го умртви. А Бог не заборави на својот љубен и го одржуваше во јамата цели 14 години. Во меѓувреме, откако ги погуби сестрите од еден женски манастир, Тиридат полуде.
На него-вата сестра и се јави во сон некој светол маж и и кажа дека брат и нема да оздрави дури не го извадат Григориј од јамата. Кога излезе од јамата, свети Григориј го исцели и крсти Тиридат.По желба на Тиридат, Григориј потоа беше поставен за епископ на Ерменија и со помош на царот ја просвети Ерменија и околните земји со Христовата вера. Овој доброчесен маж се успокои околу 335 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа