Денот на бранителите во Русија: Путин им испрати порака - „Поздрав, херои“

 

Во честитката за 23 февруари, Денот на бранителите на татковината, ден пред втората годишнина од нападот на Украина, рускиот претседател Владимир Путин ги поздрави хероите.

Според видео пораката што денеска ја објави руското претседателство, Владимир Путин ги поздравил „автентичните национални херои“.

Тој додаде дека „во последните години компаниите од воено-индустрискиот сектор го зголемија производството и испораката на најбараното оружје на војниците“.

Денот на бранителite на татковината е руски државен празник.

23.02.2024 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега