Десетти ден антивладини протести во Бугарија
Во Софија и други бугарски градови десетти ден по ред се одржуваат протести против Владата.
Учесниците во протестите во Софија почнаа да се собираат пред зградата на претседателството во раните попладевни часови, иако официјалниот почеток беше закажан за во 17 часот.
Голем број на полициски сили се забележани во околината.
Претходно денеска, заменик шефот на полицијата во Софија, Антон Златанов изјави дека осум лица се задржани во притвор пред и по антивладините протести во бугарската престолнина.
Тој рече дека кај двајца од нив била пронајдена дрога, а кај шест биле најдени ножеви, солзавец и пиротехнички средства.
Регионалниот суд во Софија денеска, исто така, одреди кауција за четворица млади кои беа уапсени и обвините дека врз полицијата фрлале шишиња и метални лименки на протестите во вторникот.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата побара од министерот за финансии да поднесат оставки поради протестите одржани ширум земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа