Детали за издрогираните тинејџери: Натепале скопјанец - тој им викнал полиција

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за вчерашниот инцидент кој ја потресе македонската јавност, кога четворица тинејџери на возраст од 14 до 17 години во безсознани беа однесени на Клиниката за токсикологија.

Пријавата пристигнала во 13:57 часот во СВР Скопје. 40-годишниот Д.Ѓ. пријавил дека во дворот на неговата куќа бил физички нападнат со тврд предмет од малолетник.

Полициски службеници излегле на терен, каде затекнале четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание.

-Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, при што затекнале четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, а на местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина. Малолетните лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Известен бил јавен обвинител, кој излегол на лице место. Во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.. Денеска (13.07.2024) во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Претходно од Клиниката за токсикологија соопштија дека четворицата тинејџери се свесни, во подобрена здравствена состојба со стабилнив итални параметри. Кај нив било утврдено присуство на психотропни супстанци, но е и алкохол и тие немаат посериозни повреди. Нивното интензивно лекување и надзор продолжува на Клиниката за токсикологија.

Во текот на денот се очекува и соопштение од Јавното обвинителство.

13.07.2024 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега