Детали за пукањето на Пластичарска - на престрелката ѝ претходела масовна тепачка

Хаос вечерва на булеварот „Никола Карев“ познат како Пластичарска по престралка со огнено оружје во која според неофицијални информации повредени се три лица.

Повредените според информации на Press24 се однесени во Хируршката болница „Св. Наум Охридски“ и на комплексот клиники Мајка Тереза. 

Според порталот „Скопјеинфо“ извесен Т.А. со прострелна рана во градите во моментот е на „Св. Наум Охридски“. Пред болнциата собрана е поголема група на роднини и пријатели кои на паркингот чекаат информации за здравствената состојба на ранетиот.

Порталот „24инфо“, пак, пишува дека на престрелката и претходела масовна тепачка во која учествувале повеќе луѓе. 

Засега нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи за престрелката која вечерва ги вознемири скопјани. Мотивите се уште остануваат мистерија.

На лице место излезени се екипи на Јавното обвинителство и МВР кои вршат увид. Булеварот е затворен за сообраќај во двата правци и сите возила се пренасочуваат кон околните тесни улички.

27.05.2024 - 02:27
Фото: 
PRESS24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега