Спасувачка акција во Кисела Вода: Итната помош заедно со пациент е заглавена во лифт

Екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда на улица „Христо Татарчев“ бр.47 во скопската населба Кисела Вода, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што велат, за ова добиле пријава на телефонот 112 во 11:22 часот.

-Од страна на ЦУК итно се известени Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје, посочуваат од ЦУК.

26.06.2024 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега