Дете е со искршена вилица и повреди на глава: Државен правобранител од Струга се тепал со малолетници
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против пет лица за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Настанот се случил на 17.08.2023 година, кај луна-парк на улицата “Партизанска”, каде најпрво две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка.
Се вклучиле родители на двете деца и други роднини од двете страни, а физичката пресметка кулминирала така што едно од децата се здобило и со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.
Еден од обвинетите во моментов извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа