Детектор анкета: Граѓаните и натаму најмногу им веруваат на телевизиите

 


Телевизијата и натаму е медиум на кој граѓаните најмногу му веруваат
, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

На скала од 1 до 5 довербата во телевизиите е оценета со 3,04. Следи радиото со оценка 2,81, веб сајтовите со 2,69, весниците со 2,65 а најмала оценка за доверба, 2,63 имаат социјалните мрежи.

Граѓаните и дале оценка 2,7 на скалата од 1 до 5 на медиумската писменост во Македонија, односно на способноста на граѓаните да препознаваат лажни вести и дезинформации.

Мнозинството граѓани за информирање дневно на медиумите поминува меѓу 30 и 60 минути, а најчесто информациите се добиваат од повеќе медиуми.

Секој четврти граѓанин отвора најмалку 2 извори за информирање додека над 20% информации црпат од повеќе од 5 медиуми

Дури две третини до граѓаните сметаат дека денеска има повеќе лажни вести отколку пред 5 години.Само 8,3% детектирале намален обем на лажни вести.

Анализата на возрасната структура на испитаниците покажува дека младите повеќе препознаваат лажни вести иако процентите со годините не се менуваат драстично.

Интересно е дека 71% Македонци и над 50% етнички Албанци сметаат дека денеска има повеќе лажни вести во споредба со периодот од пред 5 години.

Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања врз репрезентативен примерок од 1078 испитаници во периодот од 21 до 24 март.

31.03.2024 - 16:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега