Детектор: Жените се најчестите жртви на мобинг
56,2% од анкетираните сметаат дека жените се почести жртви на мобинг, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе ИНститутот за политички истражувања Скопје. Според него, само 6,9% од граѓаните се убедени дека мажите почесто се жртви на мобинг. И мажите и жените немаат многу дилеми околу ова прашање.
49,1% од анкетираните мажи и 63% од жените сметаат дека жената е таа која почесто е жртва на мобинг. За мажот како почеста жртва на мобинг се определиле само 4,8% жени и 9,1% мажи.
Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа