Детето коe пред десет години бараше друштво за баскет стана МВП во НБА
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е еден од најдобрите центар на НБА лигата и со своите игри привлекува внимание од целиот свет. Сепак, пред само неколку години не бил толку забележителен како сега.
Така, популарниот Џокер во 2011 година, десетина дена пред својот 16 роденден напишал статус на Фејсбук:
„Сака некој на баскет?
Првиот кошаркар на Денвер Нагетс од почетокот на сезоната беше кандидат за најдобар кошаркар и сосема заслужено наградата сега е во неговите раце. Јокиќ е третиот европеец кој успеал да го добие ова признание, по Дирк Новицки и Јанис Адетокумбо.
На 7 февруари 2021 година тој даде 50 поени со уште 12 асистенци и осум скока и ја одигра најдобрата партија во НБА, а интересно, на 7 февруари 2011 година на социјалната мрежа „Фејсбук“ имаше напишано статус „дали некој е за баскет...“.
25-годишниот кошаркар роден во Сомбор професионалната кариера ја стартува во 2012 година како член на Мега Баскет, каде играше до 2015 година. Потоа следеше трансфер во НБА-лигата, во редовите на Денвер Нагетс каде што е денес.
Зад своето име Јокиќ има три „ол-стара“ во 2019, 2020 и 2021, член на најдобрата петорка, член на најдобриот втор тим, а во 2016 година беше во најдобриот тим на „руки-играчи“. Времето на Јокиќ во НБА допрва доаѓа, затоа што од година во година тој е се подобар. Доказ за тоа е и оваа престижна МВП-награда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа