Девојките се разочараа: Петар Грашо се жени
Петар Грашо и Хана Хуљиќ ќе се венчаат во 2022 година, ексклузивно дознава РТЛ.хр.
Какво што наведува извор близок до парот, убавата Хана веќе ја избрала венчаницата.
Младата музичарка сега е во интерес на јавноста откако се дозна дека е во љубовна врска со 15 години постариот Петар Грашо.
РТЛ пренесува дека неодамна Хана го придружувавала на концерт во Чикаго, а по враќањето семејно го прославиле Бадник и Божиќ.
Ексклузивно на РТЛ им е откриено дека венчавката на Хана и Петар е сосема извесно дека ќе се одржи идната година, а кога ќе дојде денот зад венчалниот фустан на Хана ќе стои потписот на модниот бренд Арилео.
За љубовта меѓу Хана и Петар се дознало на почеток на 2021 година кога фотографите ги фатиле во романтична прошетка низ центарот на Загреб.
Претходно, Хана беше 24 години во врска во Данијела Мартиновиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа