Димитриеска Кочоска: Нема потреба од дополнително оптоварување за граѓаните при купување нов дом

 


На Телевизија Сител во „Тема на ден“ гостуваше потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска. Во врска со истекувањето на повластената стапка за купување на нов дом, Димитриеска Кочоска истакна дека не е потребно дополнително оптоварување на граѓаните.

- Се уште анализираме, ќе излеземе со конечна одлука, сметам дека не ни треба дополнително оптеретување на граѓаните, буџетот е таков каков што е, собирањето на приходите е во добра насока, се е како што си било планирано, така што на расходна страна исто така многу се внимава, а од друга страна поготово оние млади лица дали самостојно коишто купуваат станови или пак кога ќе влезат во брачна заедница со брачниот партнер, сметам дека во моментот не е потребно дополнително оптоварување нивно, рече Димитриеска Кочоска.

Министерката исто така додаде дека Владата ќе излезе со мерки против високата инфлација.

- Владата во овој период подготвува некои мерки, ќе излеземе со некои предлози, но повторно тие би биле на краток рок а нас ни треба решение коешто ќе биде подолгорочно“, додаде Димитриеска Кочоска.

28.08.2025 - 11:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега