Димовски до Пендаровски: Кој ви дал право да одбиете членство во ЕЕЗ, катастрофа на деценијата

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, на онлајн самитот ЕУ - Западен Балкан, организиран од тинк-тенк групата „Пријатели на Европа“ изјави дека македонскиот државен врв добил понуда за членство во Европската економска заедница, но дека таа била одбиена бидејќи нема алтернатива за полноправно членство во ЕУ.

По оваа информација, се огласи и пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како, како господине Претседателе?

Што одбивте?

Членство во ЕЕЗ одбивте?

Кој, тоа Вие, сте одбиле економска интеграција на Македонија во ЕУ?

Ако ова е точно, ова е КАТАСТРОФА на ДЕЦЕНИЈАТА !!!

(Дај Боже да сум грешка и грешно да сум ве разбрал)

Вчера помина вест, а има и изјава од Претседателот Стево Пендаровски во која тој тврди дека до Република Македонија стигнала понуда за членство во Европската Економска Заедница.

СТРАШНО Е тоа дека Претседателот Пендаровски, без чуство на тежина, ни раскажува како глатко таквата ПОНУДА БИЛА ОДБИЕНА. 

Стево Пендаровски одлучил дека нам ни требало политичка интеграција, не само економска, како да мора тие две да зависат една од друга.

СТРАШНО Е ОВА !!!

▪️Господине Пендаровски, дали знаете што одбивте?

▪️Кој ви дал право да одбиете таква понуда?

▪️Дали сте консултирале некого за да одбиете?

▪️Дали за ова знае Владата?

▪️Дали го информиравте Собранието на Република Македонија?

▪️Како тоа добар е Мал Шенген, каде сме собрани сиротините од Балканот, а не чини економска интеграција со цела ЕУ и Скандинавија?

▪️Како тоа се радувате за слободно патување низ Србија, Косово и Албанија (со лична карта), а сте одбиле шанса за слободно патување, студирање, работење низ Европа?

▪️Како тоа одлучивте дека економскиот интерес на Македонија и нејзините граѓани ќе го ставите како втор приоритет?

▪️Како одлучивте дека побитно е да имаме неколку евро-пратеници, од стотици студенти низ Европа?

▪️Кој ви кажа дека едната интеграција, економската, ја исклучува политичката?

▪️Дали знаете дека сте одбиле, токму тоа што го бараат и очекуваат граѓаните на Република Македонија од нашето членство во ЕУ?

▪️Дали знаете дека илјадници наши граѓани кои имаат бугарски пасош за да работат низ ЕУ, со наше членство во ЕЕЗ би немале потреба од тој пасош?

▪️Се фалите со членство во Црноморската иницијатива, а сте отфрлиле ваква европска интеграција?

▪️Зар функциите низ европските институции за политичарите од РМ се побитно од работата на нашите шофери низ Шведска и Германија?

▪️Сфаќате ли дека народот од ЕУ го бара и очекува ова што сте одбиле?

▪️Не знаете ли дека ќе сме порелаксирани со целосната интеграција во ЕУ и дека ќе сме помалку подложни на уцени?

▪️Дали со членството во НАТО не обезбедивме минимум политички услови и безбедносна интеграција со западна Европа?

Ако е ова точно (просто не можам да се начудам и да поверувам во најголемата глупост што можела да се направи) државниот врв под итно да се произнесе и да го информира Собранието на Република Македонија и целата јавност.

За сите граѓани да бидат подобро информирани добро е да пишеме што е тоа ЕЕЗ или на англиски The European Economic Area (EEA)?

▪️Организација во која членуваат сите членки на ЕУ, плус Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, а останува и Обединетото Кралство;

▪️Важат истите правила за внатрешен пазар како и во ЕУ;

▪️Слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал исто како да сме членка на ЕУ;

▪️Би биле еднакви со сите права за вработување низ Европа како и да сме член на ЕУ;

▪️Бизнисмените би ги имале истите права и заштита како да сме членка на ЕУ;

▪️Студентите би имале право да студираат низ Европа, исто како да сме членка на ЕУ;

▪️Стартапите ќе можат да ги користат истите програми, како да сме членка во ЕУ;

▪️Научниците и уметниците ќе можат да користат илјадници програми низ државите на ЕУ, исто како да сме членки во ЕУ; 

▪️Слободна трговија со сите земји членки на ЕЕЗ;

▪️Слобода да се живее и работи низ ЕУ и ЕЕЗ, исто како да сме членка на ЕУ;

▪️Ќе се усогласи голем дел од правото на ЕУ (во делот на слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал).“, напиша Димовски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2020 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега