Димовски: СДСМ ја задолжува Македонија со 2,4 пати побрзо темпо, а не гради ништо

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на својот Фејсбук профил напиша статус кој го наслови „Големите лаги на малите провидни политичари...“.

„СДСМ ја задолжува Македонија со 2,4 пати побрзо темпо, а не гради ништо...

ВМРО-ДПМНЕ ја задолжуваше Македонија со просечно 254 милиони €/годишно..

СДСМ во овие 3 години и 9 месеци просечно не задолжува просечно со 640 милиони €/годишно...

ВМРО-ДПМНЕ кога ја напушти власта јавниот долг на Република Македонија бил 4,7 милијарди евра, а кога ја превзема беше 1,9 милијарди евра. 

Значи ВМРО-ДПМНЕ за полни 11 години владеење го зголемила јавниот долг за 2,8 милијарди €...

СДСМ кога ја превзема власта јавниот долг бил 4,7 милијарди евра, а сега (крај на прв квартал 2021) е 7,1 милијарди евра.

Значи СДСМ за 3 години и 9 месеци го зголемиле долгот за 2,4 милијарди евра.

Да не заборавиме на огромните инфраструктурни проекти во време на ВМРО-ДПМНЕ,  автопати, регионални, магистрални патишта, спортски сали, брани, ветерници, болници, училишта, факултети, канализации, водоводи, индустриски зони, но и набавка на возови, противпожарни авиони, противпожарни и возила за брза помош, стотици автобуси за ЈСП,...

Да не заборавиме и дека сега, во време на СДСМ, скоро и да нема ништо од инвестиции во инфраструктура и капитални набавки...

Сега има Ковид криза, тогаш имаше две светски економски кризи (хипотекарната и должничката)...“, напиша Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега