Димовски: За првпат по децении Република Македонија доби бинационална Влада

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека за првпат во историјата Република Македонија добила бинационална Влада.

-За прв пат после децении, Република Македонија доби Влада во која членуваат само министри Македонци и Албанци... Првпат во македонската Влада, нема НИТУ ЕДЕН министер Турчин, Ром, Србин, Влав или Бошњак... Според пописот во 2002 (тој е последен) околу 10% од граѓаните на Република Македонија се припадници на помалите етнички малцински заедници... Нивното значење во градење на државата Македонија е големо и забележливо уште од првото заседание на АСНОМ... Овие етнички малцински заедници секогаш и секаде биле горди и лојални граѓани на Република Македонија..., напиша Димовски на Фејсбук.

Вели дека жали што овој елемент на суштинска слабост на Владата не добило поголемо внимание минатите денови.

-Партиите на помалите етнички заедници што и понатаму, во вакви околности, ќе останат во лојална коалиција со СДСМ докажуваат дека имаат дефицит на политичка сила за вистинско застапување на своите членови и гласачи... Од висок државен интерес е ВМРО-ДПМНЕ да понуди политичка платформа за интеграција на интересите на граѓаните припадници на помалите етнички (па и културолошки) заедници кон својата борба за еднакви права на сите граѓани, а со тоа и зачувување на унитарниот карактер на државата и мултикултурниот карактер на општеството... СДСМ докажа дека нема никаков политички интерес и капацитет да работи за интересите на помалите етнички малцинства, бидејќи се однесува кон Македонија вака како што покажува кога е на власт... ДУИ докажува дека не ги ни забележува дека постојат овие 10% од наши сограѓани..., напиша Димовски.

 

Македонија доби бинационална Влада... За прв пат после децении, Република Македонија доби Влада во која членуваат само...

Posted by Ilija Dimovski on Sunday, 30 August 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2020 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега