ДКСК: Пратеникот Фљорин Бесими нема да може да гласа за предлогот неговиот брат Фатмир Бесими да биде министер

Од Државната комисија за спречување на корупцијата предупредуваат дека пратеникот на ДУИ, Фљорин Бесими нема да може да гласа за изборот на новата влада, бидејќи неговиот брат, Фатмир Бесими, е кандидат за министер за финансии.

„Да видиме како ќе биде изборот на министерот за финансии. Пратеникот е избран од страна на народот, тоа не е спорно. Меѓутоа, тој никако не смее да учествува во изборот на својот брат. Прво, тука го гледам судирот на интерес. И тој треба да се изземе од расправата за избор на Влада и од гласањето за членови на Влада каде што неговиот брат е кандидат“, вели за ТВ Алсат, Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2020 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега