Дневен хороскоп: Еден знак да очекува прилив пари
ОВЕН
Ве очекува конструктивен разговор со надредената личност во врска со нов проект. Презадоволни сте како се развива врската. Тоа не ве спречува повремено да флертувате на страна. Стабилно здравје.
БИК
Самоуверени сте, вредни и оптимистични. На работа сте превземале улога на водич, и уживате во доминацијата. Задоволни сте од врската. Вашите емоции се интензивни и страствени. Имате големи очекувања. Добро се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Завршувате соработка со странските соработници затоа што сте не сте задоволни како се одвивала. Врската успешно се развива иако партнерот има тајни кои успешно ги крие од вас. Проблеми со урогениталниот тракт.
РАК
Ве очекува вообичаен работен ден во текот низ кој ќе имате многу обврски, но воедно ќе уживате во нив. Не сте задоволни од врската и размислувате да ја прекинете. Партнерот не го приметува вашето незадоволство. Стабилно здравје.
ЛАВ
Ве очекува работен состанок на кој одлично минувате. Ви следува и прилив на пари поради кој добро се чувствувате. Уживате во необврзувачки флерт и не приметувате дека брачниот партнер не е среќен. Болки во грбот.
ДЕВИЦА
Задоволни сте од резултатите. Од друга страна не сте задоволни затоа што времето ви оди на надминување на тешкотии. Емотивно сте неисполнети затао што не успевате да најдете партнер. Лоша циркулација.
ВАГА
Финансиите ви се стабилни. Си дозволувате себе да работите некои работи од чист идеализам и желба некому да помогнете. Ако сте слободни, ве очекува ново познанство со личност од странство. Главата е чувствителна.
ШКОРПИЈА
Многу сте вредни и имате или повеќе работа, или повеќе обврски, но ги одработувате паралелно. Ако сте слободни, ве очекува ново познанство преку работа. Чувствително ви е здравјето. Водете сметка околу бубрезите и главата.
СТРЕЛЕЦ
Внимавајте на тајни непријатели на работа. Ве набљудуваат и се подготвуваат да ве нападнат. Врската одлично напредува. Другата страна е наклонета кон флерт, но вие не замерувате, затоа што сте сигурни во вашата врска. Стабилно здравје.
ЈАРЕЦ
Имате одлична соработка со колегите. Ве очекува прилив на финансии. Задоволни сте. Врската се развива подобро што сте очекувале, а емоциите и страста жестоко ви работат. Добро се чувствуваат.
ВОДОЛИЈА
Имате одлична интуиција. Најдобро е да ја послушате во носењето на било какви одлуки. Сте ги превземале сите фамилијарни обврски на себе, со оглед дека брачниот партнер е на пат. Солидно здравје. Притисокот осцилира.
РИБИ
Вредни сте, самоуверени и посветени на обврските. Задоволни сте од резултатите и имате впечаток дека нема што не можете да го постигнете. Ако сте слободни, нема нови случувања на емотивното поле. Солидно здравје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа