Група малолетници вчеравечер сте степаа кај Градежен факултет, еден од нив нападна и полицаец

 

Тепачка помеѓу повеќе малолетници се случи вчеравечер кај Градежниот факултет во Скопје. Група полицајци беа на терен за да ги раздвојат. Биле уапсени двајца од нив, а едниот, 15-годишник, нападнал и полицаец. 

„На 26.04.2025 околу 22.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години од Скопје затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и претходно учествувале во физички пресметка помеѓу повеќе малолетници“, велат од МВР и додаваат:

„При приведувањето, 15-годишникот нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија“. 

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

27.04.2025 - 12:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега