Дневен хороскоп: Еден знак ќе има идеален ден
ОВЕН
Денеска ќе направите сериозни темели за иднина, само доколку покажете мудрост и трпение. Ако сте на почеток на врската, имате потреба да го контролирате партнерот, да се прашувате дали сте на вистинскиот пат и дали сте згрешиле. Внимавајте на здравје во следниот период.
БИК
Градите убав однос со колегите, немојте секогаш да ја истерувате правдата. Овој ден покажете дека сте вредни. Бидете трпеливи и трудете се да го разберете партнерот кој моментално го искажува своето незадоволство. Ќе ви годи диета.
БЛИЗНАЦИ
Финансиите ќе ви се подобрат, а тие се поврзани со степен на флексибилност која ќе ја покажете во однос на својата околина. Важно е да знаете дека партнерот ви обезбедува нешто што сакате, а тоа е комфорт, љубов и внимание. Несоница.
РАК
Ќе ви биде понуден некој вид на дополнително усовршување или обука. Би било добро без размислување да ја прифатите. Партнерот вашата контрола може да ја доживее на лош начин, како да вршите некој притисок, што и не е далеку до вистината. Чувствителни сте денеска.
ЛАВ
Ви се додаваат работи, а тоа значи и нови обврски како и многу дополнителна енергија, која ќе морате да ја истрошите. Ако сте во врска, ќе се разбуди желба за слобода. Главоболка.
ДЕВИЦА
Немојте да правите грешки, особено не сега кога сте дошле на посакуваното ниво и позиција од која може да напредувате. Овој ден почнува со отворена нетрпеливост, а кулминира со караници кои ќе го намали квалитетот на вашиот љубовен живот. Внесувајте повеќе магнезиум.
ВАГА
Дозволете на колегите да ви помогнат уште на почеток на некој проект, за да се снајдете подобро. Не е добар ден за љубов, затоа што се што ќе превземете и посакате, има шанси да пропадне, а вие да се разочарате. Ќе ви годи масажа.
ШКОРПИЈА
Интелектуално сте силни и доминантни, а околу амбициозноста не треба да се зборува. Тој е составен дел на вашиот карактер. Ако сте слободни, може да дојде до кратка авантура, која ќе нема иднина. Но, таа ќе ви значи, затоа што суетата кај вас е нагласена. Не би требало да имате проблеми.
СТРЕЛЕЦ
Многу ви значи поддршката од колегите со кои сте во тимот. Ќе ве преплаши страственоста на партнерот. Сепак, со време врската може да се претвори во вистинска љубов, која ќе го одбележи вашиот живот. Закажете преглед на нутриционист поради подобра исхрана.
ЈАРЕЦ
Ако се занимавате со приватна работа и ако сакате да почнете сопствен бизнис, водете сметка околу своите финансии. Ќе доживете убава авантура и ќе размислите да го продолжите тој однос. Добро се чувствувате.
ВОДОЛИЈА
Идеален ден за максимален ангажман на работа. Имате позитивна енергија, имате желба и волја за работа, па тоа искористете го. Ако се сомневате во партнерот, ви се советува врската да не ја продлабочите, туку да ја прекинете уште на почеток. Бешиката ви е чувствителна.
РИБИ
Доколку ве „јаде“ некое чувство на несигурност кое создава немоќ, и условува потиснување на енергија, сетете се дека ваква шанса нема да ви се пружи во блиска иднина. Рибите кои се во врска се чувствуваат запоставено, затоа што им недостасува саканата личност во смисла – тука е, ама како да не е. Пад на имунитетот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа