Дневен хороскоп: Еден знак со комплициран љубовен живот

 

ОВЕН

Во потрага сте по слобода, но исто така барате и сигурност. Што и да се случува во вашиот љубовен живот е прилично комплицирано и потребна ви е јасност. Не сте отворени за нови изненадувања. Сакате вистина но вашиот партнер не е подготвен да ви ја каже.

БИК

Вие сте на врвот кога е во прашање склучувањето на нови договори. Сакате да ја зацврстите врската со вашите соработници но некако не ви оди од рака. Пред да го осудите партнерот за нешто прво осигурајте се дека вашите сомнежи се основани.

БЛИЗНАЦИ

Вашиот љубовен живот постојано се менува, но вие продолжувате да се надевате и не се откажувате од она што сте го наумиле. Доколку имате нешто кое сакате да го кажете, подобро да го почекате вистинското време. Доколку сте самил, некоја нова понуда пристигнува кај вас.

РАК

Ја сакате спонтаноста и сакате постојано да пробувате некои нови нешта. Вашите планови во врска со вашата кариера нема да се остварат во предвидениот рок, можеби ќе се одолговлечат повеќе. Полека се отвора нова врата кога се во прашање љубовните односи.

ЛАВ

Посветени сте на здравјето и активностите кои ви помагаат да ја одржите вашата виталност. Ќе морате да одложите некое важно патување или одмор поради непредвидена ситуација. Ќе имате некоја нова љубовна понуда.

ДЕВИЦА

Погледнете длабоко во вашето срце, таму ќе ги пронајдете одговорите кои ви се потребни. Многу нешта можат да бидат разрешени доколку комуницирате на вистинскиот начин. Не плашете се да прашате сѐ што ве интересира, само така ќе ја постигнете јасноста која ви е потребна.

ВАГА

Чувствувате дека се околу вас се рапаѓа, но не грижете се затоа што тоа е почеток на нешто ново. Ќе морате да донесете некоја сериозна одлука која можеби нема да ви е по волја. Кога се во прашање љубовните односи, се движите во круг и не гледате подобрување на ситуацијата.

ШКОРПИЈА

Наместо да бегате од обврските, најдобро е да ги завршите навреме и да избегнете непосакувани проблеми. Контролата на љубовен план е во ваши раце, партнерот сака да ви ги исполнува сите желби. Можно е да целите кон некои идеали кои ќе ве однесат на погрешен пат.

СТРЕЛЕЦ

Пристапувате остро кон односите и тоа може да ве доведе во проблеми. Ќе мроате да решите некои проблеми кои ги имате со себе наместо да ги обвинувате другите. Планетите ви го покажуваат вистинскиот пат кој треба да го следите. Внимавајте да не трошите повеќе од потребното.

ЈАРЕЦ

Не сте искрени и поради тоа не ги добивате нештата кои ги сакате. Вашите надежи можат да ви постават замка на љубовен план, бидете трпеливи. Вашите пријатели се обидуваат да ви ги отворат очите во врска со некој ваш избор но вие упорно се обидувате да го занемарите.

ВОДОЛИЈА

Иднината ви е мистерија и тоа ве заплашува. Немојте да заборавите кои сте и кои се вашите цели, само така ќе успеете да ги остварите. Ако сте сингл, ќе бидете поканети на некоја забава каде е можно да ја запознаете вашата сродна душа.

РИБИ

Ќе сакате да ги изненадите вашите сакани за празниците и ќе купувате поклони, но внимавајте затоа што вашата финансиска состојба не е баш најсјајна. Некој ќе се обиде да ве измами кога е во прашање љубовта, не се впуштајте толку лесно во нови љубовни авантури.

25.08.2022 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега