До 9 часот во Скопје најголема излезност има во Ѓорче Петров

Според првиот пресек на Државната изборна комисија, до 9 часот своето гласачко право го искористиле 4.05% на територија на целата држава.

Во Град Скопје, најголема излезност има во општина Ѓорче Петров каде излезноста до 9 часот била 6,14%, по што следи Кисела Вода со 5,89, па Карпош со 5,5%.

Најмалку гласачи излегле во Шуто Оризари, само 1,91 процент.

Избирачките места се отворени до 19 часот

24.04.2024 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега