Доктор кој не се тушира 6 години и не користи дезодоранс објаснува зошто го прави тоа

 

Американскиот научник Џејмс Хамблин престанал да се тушира во 2015 година, а сега го објаснил сето тоа.

Научникот и доктор Џејмс Хамблин (37) не се истуширал шест години. Тој таа човечка потреба престанал да ја практикува во 2015 година кога изјавил дека повеќе нема да се тушира, но дека неговиот живот сепак ќе продолжи.

Тој вели дека е во ред тоа што го прави и дека со текот на времето се навикнал, така што нетуширањето му е нормално. Инаку, д-р Хамблин е професор во училиштето за јавно здравје на Универзитетот Јејл и доктор специјалист за превентивна медицина.

Тој во текот на овој потфат пресметал дека човекот поминува две години од својот живот - туширајќи се. Тоа е голем трошок, не само на вода туку и на пари.

Американскиот научник тврди дека не смееме да престанеме да ги миеме забите, лицето и рацете, но дека не треба да бидеме упорни кога станува збор за останатите делови од телото.

Инаку, одлуката да престане да се тушира д-р Хамблин ја започнал како дел од експеримент затоа што сакал да увиди што ќе се случи.

Во својата книга тој објаснил дека со текот на времето телото почнува сè повеќе да се навикнува, така што мирисот постепено престанува да биде непријатен, иако не користи ниту дезодоранс ниту сапун. Како што објаснил тој, постепено кожата престанува да биде мрсна, а исто и косата.

Ескпериментот го започнал така што почнал поретко да користи сапун, шампон, дезодоранс, а наместо да се тушира секој ден тој тоа го правел на секои три дена пред целосно да престане.

На почетокот, како што изјавил тој, имало моменти кога сакал да се истушира затоа што се чувствувал „мрсно и непријатно“, но потоа тоа се случувало поретко.

Како што објаснува тој, нашите телесни мириси произведуваат бактерии кои што живеат во нашата кожа и се хранат со потта извлекувајќи производи од нашето тело. Нанесувањето козметички производи на кожата и косата секој ден, ја нарушува рамнотежата помеѓу мрсната кожа и бактериите, а тоа го уништува нашиот природен екосистем.

Хамблин тврди дека нетуширањето го активира регулаторниот процес во кој што екосистемот постигнува стабилна состојба и ние престануваме непријатно да мирисаме.

„Едноставно почнувате да мирисате на човек“, изјавил Хамблин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега