Докторите тврдат: Бајден е здрав, силен 80-годишник и способен за должност

 

Лекарите го прогласија претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден (80) здрав и способен за службена должност, а беше утврдено дека нема долгорочни последици од Ковид откако минатата година беше позитивен на корона вирусот.

„Претседателот останува способен за должност и целосно способен да ги извршува сите свои одговорности без никакви откажувања или прилагодувања“, рече лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор во резимето на медицинскиот извештај по редовниот преглед.

Лекарот оценил дека Бајден е „здрав, силен 80-годишник“, пренесува Ројтерс.

Беше објавено дека на Бајден му била отстранета лезијата од градите и била испратена на биопсија. Во резимето се додава дека Бајден немал симптоми на долгорочен ковид.

Лекарскиот преглед будно се следи додека се очекува Бајден да ја објави својата кандидатура за втор претседателски мандат.

Тричасовниот преглед во Медицинскиот центар на националната армија Волтер Рид беше втор опсежен преглед на Бајден откако ја презеде функцијата во јануари 2021 година,пренесе Телеграф.рс.

17.02.2023 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега