Докторка одговара: Можат ли цигарите да ја намалат ефикасноста на вакцините против Ковид-19 кај луѓето?

 

Вакцините против коронавирусот се клучната алатка во борбата против пандемијата на коронавирусот, а вакцинацијата како што знаеме е во тек ширум светот.

Но, се поставува прашањето: можат ли пушачите да продолжат со пушењето цигари непосредно пред или по вакцинацијата и дали цигарите ќе влијаат на делувањето на вакцината против Ковид-19?

Еве што треба да знаете за тоа

Според СЗО, пушачите имаат поголем ризик од зараза од коронавирусот, па токму тие би требало да се вакцинираат што порано за да се заштитат. Освен тоа, пушењето исто така го намалува капацитетот на белите дробови и го зголемува ризикот од заболувања од неколку други респираторни болести.

Во многу извештаи се наведува дека пушачите се во поголем ризик од развој на потежок облик на Ковид-19.

Д-р Вишакха Шавасани истакнала дека луѓето не треба да пушат цигари по примањето на првата доза на вакцината поради тоа што токму цигарите можат да го намалат одговорот на антителата.

Таа на пушачите им препорачала дека во тој период најдобро е да користат никотински фластери и да ги избегнуваат цигарите по вакцинацијата.

Шавасани навела уште неколку работи кои што вакцинираните луѓе треба да ги почитуваат

Таа истакнала дека секоја личност би требала да спие по шест часа во текот на ноќта во неделата пред да се вакцинира. Препорачала и пробиотици, наведувајќи дека 70 отсто од имунолошките клетки се наоѓаат во системот за варење, па поради тоа здравјето на цревата е многу важно.

Таа исто така истакнала дека стресот може да влијае на имонолошкиот одговор на организмот, а луѓето кои што треба да се вакцинираат ги советувала дека освен цигарите треба да го избегнуваат и алкохолот, барем три дена пред и после вакцинацијата, пренесува „Times od India“.

Докторката препорачала и дополнително внесување на цинк кој што го зголемува имунолошкиот одговор, а нагласила дека секако дека треба да се внесува повеќе храна која што е богата со протеини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2021 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега