Падна цената на нафтата
Цената на суровата нафта WTI (West Texas Intermediate) денес падна за над четири проценти, на 69,5 долари за барел, поради намалувањето на стравувањата од поширока војна на Блискиот Исток.
Оваа ситуација на берзите претставува пресврт по скокот од седум проценти во петокот, во времето на првите израелски напади врз Иран, објави „Trading Economics“.
„Trading Economics“ известува за пишувањето на одредени медиуми дека Иран сигнализирал интерес за прекин на непријателствата и продолжување на преговорите за нуклеарните програми, под услов САД да останат надвор од конфликтот, и додава дека Техеран наводно испратил пораки преку арапски посредници и до Вашингтон и до Тел Авив.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа