Докторот кој го лекува легендарниот Шумахер проговори за неговата здравствена состојба: „Буден е“
Била недела, 29 декември, кога во светот одекнала веста дека легендарниот Михаел Шумахер се бори за живот.
Скијањето во Франција со синот Мик, се претворило во животен пекол за семејството Шумахер.
Бизарната несреќа која му се случила, го „закова“ Миха во кревет во неговиот дом во Швајцарија и целосно го изолираше од светот.
Досега не е познато многу за тоа во каква ситуација се наоѓа Шумахер, а сега докторот којшто го лекува легендарниот шампион на Формула 1, првпат јавно проговори за состојбата.
Да ве потсетиме, Шумахер беше тешко повреден на 29 декември 2013 година по пад на скијање на француските Алпи.
Тогаш падна во кома како последица на сериозна повреда на главата, па итно беше пренесен во болница, а потоа во семејната вила далеку од очите на јавноста, па речиси седум и пол години лежи, а никој да не знае во каква состојба е всушност тој.
Имено, како што пренесува „Кориере дело спорт“ во документарниот филм францускиот невролог Ериг Ридерер открил дека славниот Шуми е подобро отколку што бил, не премногу, но малку подобро.
„Михаел е буден, дише, срцето му чука во убав ритам. Веројатно може и да седне, дури можеби може да направи и некој чекор со помош на другите, но не повеќе од тоа“; изјавил прво неговиот доктор.
Иако ваквите зборови се охрабрувачки, неговата следна реченица е: „Мислам дека ова е најмногу што тој ќе може да го направи“.
Германскиот професор по неврологија смета дека Шумахер не е во состојба која може да доведе до закрепнување.
„Повредите со кои се здоби се од трајна природа и не постои реверзибилен процес кој би довел до подобра ситуација. Тој е во своевидна вегетативна состојба, што значи дека е буден, но не одговара“, изјавил Ерих Ридерер, пренесува „Кориере дело спорт“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа