Домашен рецепт: Нема да ви требаат лекови за болно грло и настинка
Грлото во овие периоди често знае да биде воспалено и проблематично. Наместо веднаш да одите во аптека и да барате разни таблети или антисептици, направете си сами лек.
Лек кој што е природен безбеден и без никакви несакани ефекти.
Потребни состојки:
2 децилитри вода
една супена лажица жалфија
една кафена лажица сода бикарбона
Начин на приготовка:
На оган ја ставаме водата. Ја оставаме се додека почне со вриење и веднаш потоа ја тргаме. Потоа ја додаваме жалфијата и ја оставаме да се излади. Откако ќе се излади ја додаваме и содата и промешуваме.
Начин на конзумирање:
Со оваа терапија најдобро да започнете веднаш кога ќе почувствувате гребење или слаба болка во грлото, бидејќи во таков случај целосно ќе ја излечите болката и без дополнителна терапија. Доколку пак воспалението е во понапреден стадиум, тогаш конзумирајте го за намалување на болките и подобрување на дишењето заедно со препишаната терапија.
Земете по една голтка 5-6 пати днево. Направете гаргара и исплукајте. Држете ја течноста колку што можете повеќе на грлото пред да ја плукнете. Мораме да забележиме дека нема многу добар вкус, но има одлични резултати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа