Драма на пат: Пијан кавадарчанец со 2.60 промили алкохол во крвта направил сообраќајка
Вчера во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци - Дреново, патничко возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(54) од село Возарци, кавадаречко, излетало од патот.
Повредени лица нема, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци при што било констатирано дека Б.И. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичниот законик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа