Драма во Букурешт: Романија ја казни Македонија за сите промашувања
Со пораз почнаа квалификациите за СП 2022 на македонските фудбалери во Букурешт против Романија.
Иако репрезентацијата по 80-та минута се врати од два гола негатива со головите на Адеми и Трајковски, сепак го загуби натпреварот со 3-2.
Романија поведе уште во 28. Минута по голот на Танасе. Македонија имаше неколку шанси за гол, но не успеа да реализира до крајот на првото полувреме.
Вториот дел од натпреварот Романците го започнаа со гол. Дебитантот Михаила погоди во 50. минута.
Во 83. минута Македонија се врати со гол на Адеми по центаршут на Алиоски заби во мрежата. Една минута подоцна Трајковски, кој влезе од клупата, израмни на 2-2.
Сепак, само четири минути подоцна Јанис Хаџи ги постави конечните 3-2.
Во судиското надополнување заради офсајд беше поништен израмнувачки погодок на Адеми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа