ДУИ: Болниците се претворија во пекол за пациентите каде секојдневно умираат бебиња, додека Таравари шета низ светот

 


Демократската унија за интеграција бара одговорност од министерот за здравство и директорот на детската клиника за секојдневните смртни случаи на бебиња во болниците со кои раководат Изет Меџити и Арбен Таравари, велат од ДУИ. 

„Болниците се претворија во пекол за пациентите каде секојдневно умираат бебиња, додека Таравари шета низ светот и не чувствува никаква одговорност. 

 ВЛЕН, Изет Меџити и Арбен Таравари реагираат само кога ќе им се наруши кумството со коцкарскиот бос во земјава, нивниот најголем поддржувач. 

Секогаш кога Таравари е министер за здравство, смртта на пациентите станува секојдневна појава.  

ВМРО ДПМНЕ го нарече Арбен Таравари министер за смрт и најкорумпиран човек. 

Мицковски денеска мора веднаш да ги разреши Таравари и директорот на клиниката Мемеди за да ги спаси граѓаните“, стои во соопштението на ДУИ.

08.11.2024 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега