ДУИ остана без коалиционен капацитет

 

Ако до пред една година ДУИ беше партијата која редовно тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалиционен капацитет, 6 месеци по изборите со интегративците никој не сака да коалицира.
Откако добија „двојка“ од ВМРО-ДПМНЕ по изборите, сега јавно дистанцирање од ДУИ дојде и од СДСМ. Филипче во последното интервју рече дека структурата на ДУИ е силно корумпирана и дека неговата партија не сака соработка во такви услови.
Во оваа ситуација логично е прашањето, каков ефект би имале предвремени парламентарни избори заедно со локалните (позиција на која инсистира ДУИ) кога отсега е јасно дека и по нив, интегративците ќе останат во опозиција без разлика каков ќе биде исходот.
Дополнително, партијата се соочува со сериозни проблеми со лицата кои се најдоа на црната листа на САД. Никој не ја исклучува можноста оваа листа да се проширува со нови имиња од редовите на интегративците, а дополнително, реална е можноста уште некој висок партиски функционер по Груби да се најде на мета на органите на прогонот под сомнение за криминал и корупција.
Интегративците продолжуваат по старо. И денеска од партијата уште едно во низата соопштенија со наративот „сите кои што се против ДУИ, се и против Албанците“

10.01.2025 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега