Дурловски: Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и политичките опоненти

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5, Игор Дурловски преку видео обраќање рече партијата со сигурност ќе победи.

-Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и политичките опоненти. На овие избори Коалицијата „За обнова на Македонија“ нуди програма која е одговор на потребите на нашите граѓани и на нивните приоритети, истакна Дурловски.

Вели дека е време да се врати достоинството на државата, да се овозможи владеење на правото, да се зајакне економијата, да се консолидира здравствениот систем, да се унапреди и образованието, да се стави на заслужено место македонската култура.

-Ова е нашата визија, во која што може да се препознае секој граѓанин и која нуди решенија за најгорливите прашања во Македонија. Сигурен сум дека македонскиот народ ќе го препознае тоа и на 15-ти јули по сите здравствени протоколи на избори ќе го даде својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата „За обнова на Македонија“. Да покажеме дека нивното време заврши. Дека сме посилни од нив, дека Македонија е посилна од се, нагласи Дурловски.

Дурловски: Нашата победа е сигурна, тоа го знаат и политичките опоненти

Posted by Press24.mk on Wednesday, 24 June 2020

24.06.2020 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега