Два дена пред одбележување на раѓањето на Гоце Делчев: „Самоилова“ е затворена за сообраќај

 

Од денеска, од 18 часот, затворена за сообраќај е улицата „Самоилова“, каде се наоѓа црквата „Свети Спас“.

Таму во сабота ќе се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Од министерството за внатрешни работи (МВР) најавија дека од попладнево, два дена пред одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ќе ја затворат за сообраќај улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Иљо Војвода“ до крстосницата со „Прохор Пчински.

Во сабота по улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“ ќе се вози само под посебен сообраќаен режим.

02.02.2023 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега