Два пати еруптира вулкан во Индонезија, прогласено е највисоко ниво на предупредување
Вулканот Ибу во Индонезија денеска двапати еруптираше исфрлајќи жешка лава, а нивото на предупредување е подигнато на четврто највисоко ниво, објави државната вулканолошка агенција PVMBG.
Вулканот Ибу се наоѓа на планина на височина од 1.325 метри на источната страна на островот Халмахера, а првата ерупција била рано утринава, а втората ерупција фрлила вулканска пепел до висина од 1.200 метри, изјавил за Ројтерс претставник на PVBG.
Агенцијата ги забрани сите активности на седум километри од кратерот на вулканот.
И во вторникот еруптираше вулканот Ибу, исфрлајќи вулканска пепел до пет километри во воздухот.
Властите од 16 мај евакуираа седум околни села, а по последната ерупција не се планирани нови евакуации.
Најмалку 60 луѓе загинаа минатиот месец кога еруптираше вулканот Марапи во индонезиската провинција Западна Суматра.
Во Индонезија има 127 активни вулкани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа