Тешка сообраќајка: Мотор се судри со автомобил - еден повреден
На 03.08.2025 во 13:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на влез за с.Тајмиште, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(45) од с.Љубојно, ресенско, товарно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управуванo од В.Ј.(38) од с.Раковец, општина Боговиње, патничко возило „опел“ со германски национални ознаки, управувано од Љ.С.(40) од с.Пршовце, општина Теарце и патничко возило „фолксваген артеон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(39) од с.Црешево, скопско, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Б., констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа