Двајца прилепчани со пиштол се заканувале на прилепчанка пред продавница, едниот бил бегалец од затвор

Прилепската полиција денеска на ул.„Борка Талески” во Прилеп ги лишила од слобода С.Р.(27) и Д.Д.(33), двајцата од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на денот со пиштол и се заканувале на 35 – годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што била вработена, соопшти МВР. 

Кај нив биле пронајдени и одземени два пиштоли.

Исто така, С.Р. бил баран и по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп и напад со остар предмет на чувар во затворот во април оваа година. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

17.06.2024 - 16:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега