Две деца каснати од кучиња скитници во Велес


Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица во Велес биле пријавени две каснувања на деца од кучиња скитници.

Вчера во 12.20 часот во Полициската станица Велес, Т.Ќ.(19) од Велес пријавила дека на улица „Васил Иљовски“ во Велес нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Додека пакдоцна синоќа во 21.20 часот во Полициска станица Велес, Д.Н.(39) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

09.04.2024 - 16:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега