Две години од смртта на маестро Александар Џамбазов

На денешен ден, во 2022 година на 85 годишна возраст почина македонскиот дирегент и композитор Александар Џамбазов.

По завршување на Музичката академија во Белград, целиот работен век го поминува како диригент на Танцовиот и Ревиски оркестар при Македонската радио телевизија.

Тој е иницијатор и диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“.

Маестро Џамбазов има реализирано безброј снимки и концерти во живо.

Пишувал сценска и филмска музика („Мементо“,  за драмите „Мајка“ и „Двајца на нишалка“) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др.

Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии. За својата работа доби над 40 награди и признанија во Македонија и Југославија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.

25.01.2024 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега