Џафери до Силјановска: Ова не е испитна сесија, седница не се закажува со пораки

Пратеничката Гордана Силјановска на денешното продолжување на конститутивната седница во Собранието му порача на Џафери дека раѓање на внук не е причина за откажување на седница, кој поради таа причина минатата недела ја одложи седницата.

Џафери пак и порача дека седница не официјално не била закажана, за тој да ја откаже поради внукот.

-Професорке ова не е испитна седија, не се свикува со пораки, ова седница и се свикува со акт. На 13 август не беше свикана седница, туку имаше најава за подготовка за можна седница, рече Џафери.

Дофрлањата на Силјановска не се слушнаа на телевизискиот пренос. Главна порака од опозициските пратеници до новата Влада беше дека мнозинството ќе трае многу кратко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега