Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја раскинаа веридбата-Крај на љубовната приказна
Џенифер Лопез требаше да се омажи за бејзбол играчот Алекс Родригез минатата година, но тоа ги спречи пандемијата со коронавирусот.
Двојката објави дека ќе следи голема церемонија веднаш штом ќе дозволат епидемиолошките околности, но тоа, очигледно, нема да се случи. Според американските медиуми, парот ја раскинал двегодишната свршувачка. Во неодамнешното интервју, пејачката исто така рече дека оделе на заедничка терапија со Родригез за време на пандемијата, но и тоа не вродило со плод.
Веста зараскинувањето на еден од најпознатите светски парови во САД доаѓа само неколку месеци откако локалните медиуми ја објавија наводната афера на Родригез со Медисон Мека, популарна ријалити везда.
Откако тие информации првично беа објавени во јавноста, Лопез и нејзиниот вереник ги негираа обвинувањата и заедно се појавија на Суперболот, но американската јавност е убедена дека овој настан е поврзан со разделбата. Иако сеуште не е објавена информацијата за раскинувањето, изворот на американските таблоиди наведува дека пејачката изјавила дека е слободна.
Неименуван извор изјави дека Родригез моментално е во Мајами, а Џенифер Лопез снима филм во Доминиканската Република, па затоа се разделени, што веројатно влијаело да раскинат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа