Ѕирнете во куќата на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил, ја продаваат за цена од која ќе фатите вртоглавица
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил очигледно имаат свои причини за продажба на прекрасната вила на падините на Холивуд, сепак, на многумина не им е јасно зошто би се откажале од оваа луксузна убавина во шпански стил.
Цената е доста висока – 35 милиони долари, особено кога ќе се земе предвид дека пејачот ја купи во екот на својата слава со бендот N Sync во 2002 година за осум милиони долари.
Џастин ја купи вилатa кратко време по раскинувањето со Бритни Спирс. Тој сега ја продава оваа архитектонска убавина како семеен човек, 19 години подоцна, за приближно 27 милиони долари повисока цена.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа