Една чаша од овој напиток го јакне имунитетот и ја подобрува крвната слика
Како што сите многу добро знаеме, најважно е да го зајакнеме нашиот имунитет во овој период од годината.
Доколку сакате да го зајакнете вашиот имунитет, но и да ја подобрите вашата крвна слика, тогаш овој напиток е одлично решение за вас. Лесно се прави, а ќе го закрепне вашето тело и ќе ви ја врати потребната енергија.
Состојки:
- варено цвекло;
- зелено јаболко;
- морков;
- лимон;
- ѓумбир.
Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер или пак соковник, па добро мешајте додека напитокот не стане едноличен и спремен за консумирање.
Овој сок содржи антиоксиданси кои што имаат противвоспалително дејство, а е вистинска витаминска бомба која што делува поволно на имунитетот. Напитокот е добар за симптомите против настинка и грип.
Благодарение на цвеклото овој напиток е богат со железо, па се препорачува и за луѓе кои што имаат анемија или пак ревматоиден артритис.
Со една чаша од овој напиток во вашето тело ќе внесете: витамин А, витамин Ц, Витамин Б6 и Б9, како и други здрави состојки кои што го зајакнуваат имунитетот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа