Експерт објаснува зошто и по неколку месеци прележана ковид инфекција чувствуваме малаксаност

 

Експертите предупредуваат на болест која што напаѓа и по прележан коронавирус.

По кратка или пак подолга борба со коронавирусот многу од луѓето се жалат дека последиците ги чувствуваат во мускулите, а една од причините за тоа може да биде хроничен умор.

Иако сега влегуваме во „преодна фаза“ на годишните времиња кога меѓу здравите луѓе се појавува т.н. „пролетен умор“, експертите предупредуваат дека доколку чувството на умор, малаксаност и слабост трае подолго од неколку месеци, голема е веројатноста да станува збор за болест која официјално е регистрирана како хроничен умор, а која што може да предизвика сериозни последици.

Како што вели д-р Бранислав Миловановиќ, професор на медицинскиот факултет во Белград, никако не треба да го мешате пролетниот умор со оној хроничниот.

„Хроничниот умор мора да се лечи, а тој процес може да биде долг и тежок, особено за оние кои што прележале коронавирус“, тврди професорот.

Како што објаснува тој, хроничниот умор е болест која што ја призна и СЗО и ѝ додаде шифра R-53.8 минатата година, а од 1969 година веќе постои G-93.3 како „противвирусен синдром на уморот“.

„Поради тоа сега таа болест ќе биде многу позастапена по ковид инфекција“, предупредува професорот и истакнува дека загрижувачки е фактот што оваа болест претежно се јавува кај помладата популација.

„Оние кои што прележале ковид инфекција, треба да внимаваат при појава на некои симптоми, како што се брзо уморување, слаба концентрација, нервоза, анксиозност и слично. Тие симптоми треба сериозно да се сфатат. А, доколку во меѓувреме истите се проследени со главоболка и болки во зглобовите и траат подолго од шест месеци, тогаш најверојатно станува збор за хроничен умор“.

Докторот предупредува дека доколку таквите симптоми траат подолго од шест месеци, пациентот задолжително мора да се јави на доктор по општа медицина кој што ќе ги упати на понатамошни тестирања. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега